Некои забрануваат дизели, а некоj мотоцикли

ОБЈАВЕНО НА:

Градските власти на Ханој, Виетнам речиси едногласно се изјасниле за целосно забрана на возење мотоцикли во градот до 2030 година, надевајќи се дека на тој начин ќе има подобра проодност на градските сообраќајници и ќе се намали нивото на загадување на воздухот.

Градската управа им ветила на жителите засилување на линиите на градски превоз за да може до 2030 година бројката од сегашните 12 отсто да се зголеми на над 50 отсто корисници на јавен превоз. Одлуката била донесена откако извештаите покажале алармантна бројка на пораст на мотоциклите. Според некои истражувања на километар има речи 2.500 мотоцикли, што значи дека во градот има околу 5 милиони.

Многумина од граѓаните сметаат дека е малку веројатно дека мотоциклот ќе исчезне од градот, а некои и се сомневаат дека планот воопшто ќе успее.
Во Виетнам не постои подземна железница, а дури во април годинава во Ханој се појавил првиот доспратен автобус во градскиот превоз.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK