Mitsubishi со ново СУВ возило

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mitsubishi продолжува со зголемувањето на својата понуда на возила, а најновиот план вели дека ќе има ново СУВ возило со коешто би требало да се добие на зголемување на продажбата.

Во Мitsubishi главно имаа модели кои беа спортски купеa и хардкор седани. Сепак, во последните години почнаа да се прошируаат и со СУВ возила и со кросовери така што сега само продолжуваат со проширувањето на понуата.

„Размислуваме за нов СУВ, кој би требало да биде да биде во главна улога на пазарите во Кина и во Европа. Сметаме дека тоа ќе биде добра одлука за Mitsubishi“, изјавува Кунимото.

Според најавите коишто се имаат од оваа компанија новото возило би требало да биде најверојатно наследник на Montero. Овој автомобил веќе не се продава во САД, додека СУВ Pajero, кој се продава под името Шогун уште е достапен во други делови од светот.

Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi,исто така, се очекува да има понуди на јапонскиот бренд кои може да бидат конкурентни на другите компании. Така Mitsubishi би требало да создаде автомобил кој ќе биде конкурент на Toyota 4Runner, Jeep Wrangler и на Ford Bronco. Се очекуваше да биде создаден хардфкор off-roader, но поради ограничување на трошоците одлуката падна за СУВ кросовер.

Останува во скоро време да биде откриено и кога ќе биде направена промоцијат на новото возило.