McLaren го претстави новиот 600LT (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Зголемена моќност, намалена тежина, оптимизирана аеродринамика и конструкција, тркачка ориентираност, уникатен издувен систем, задоволство од врвно управување и ограничена достапност. На тој начин се опишува продуктот 600LT (LongTail) од McLaren  а дополнуваат дека автомобилот е со 100 килограми полесен во споредба со 570Ѕ, а 25 проценти од елементите му се целосно нови.

McLAREN 600LT е опремен со 3.8-литарски V-образен, осумцилиндричен мотор, кој е во состојба да генерира максимална моќност од 600 коњски сили и максимален вртежен момент од 620 Нм.

Во опремата на модификациката, секој примерок што ќе биде изработен рачно ќе има исто така вклучени и специјално изработени за автомобилот Pirelli P Zero™ Trofeo R гуми, карбонски тркачки седишта, кои се пионерски за гамата на брендот и друго.

Основната цена на McLAREN 600LТ од страна на компанијата е определа на 185.500 фунти, а производството ќе стартува во октомври. Во цената е вклучена и еднодневен тренинг на писта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK