Lexus подготвува нешто ново, ја регистрираше ознаката LQ

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на овој месец во САД беше регистриран називот LQ, а тоа го направија од Lexys. Овој назив би требало да биде употребен на некој од идните модели на овој бренд.

Уште порано годинава на саемот NAIAS во Детроит од Lexus беше прикажан LF-1 Limitless concept (на фотографијата), а со оглед на тоа дека треба да добие и сериска верзија се шпекулира дека овој луксузен кросовер ќе го добие називот LQ.

LF-1 Limitless concept е студија на coupe-crossover “кој ќе ги редефинира границите на луксузот“, а за „атлетските пропорции“ бил задолжен CALTY Design Research студиото на компанијата во Калифорија.

Студијата имала четири седишта, додека серискиот модел веројатно ќе нуди место за пет патници, како и дигитална инструмент табла и широк екран на инфотајмент систем. Lexus LQ би требало да има мотор бензинец, хибрид или плаг-ин хибрид верзија, а можеби и електрична или дури и варијанта со водородни ќелии на гориво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK