Lamborghini го скрши мразот: Urus е прв плаг-ин модел

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот модел Urus што треба да биде претставен од страна на Lamborghini навистина ќе има плаг ин хибридна верзија, што е прв таков модел за италијанскиот бренд.

Маурицио Реџиани, шефот за истражување и развој ова го потврди за магазинот Autocar, потврдувајќи дека тоа ќе биде прв ваков модел за компанијата и ќе биде заедно со твин-турбо 4.0 V8 мотор.

lamborghini-urus-5

Засега нема информации дали хибридната опција што треба да се понуди ќе дојде од страна на Volkswagen Group, или пак ќе биде развиена од страна на Lamborghini. Секако постои можност агрегатот да биде ист како и оној што е развиен за новиот Bentley Bentayga.

Според Реџиани, продукциската верзија на Urus ќе биде различна од концептот прикажан во 2015 година. Од друга страна моделот ќе биде лесен „до максимум“, и ќе до перфекција усовршени некои од системите што ќе се врадуваат.

lamborghini-urus-6

Следете не и на:

24AUTO NETWORK