Кои бои ќе бидат модерни во идните пет години

ОБЈАВЕНО НА:

Специјалисти за бои успеаја да одредат 65 бои и нијанси кои ќе бидат модерни во следните пет години. Ова е објавено од лицата задолжени за боите во компанијата BASF, а тие објавија како ги гледаат најпопуларните автомобилски бои за следните пет години.

За да ги определат овие бои во рамки на специјалното истражување учествувале специјалисти на компанијата од Германија, Кина, САД и Јапонија.

Според резултатите добиени се 65 бои и нијанси, а мислењето на експертите на BASF е дека во мода ќе бидат топлите и беж тонови. Според нив тоа е условено од зголеменото внимание на луѓето кон убавината на човечкото тело.

Многу популарна ќе биде и сината боја која симболизира современи дигитални технологии, кои сè повеќе се застапени кај современите автомобили. Заедно со нив, модерни ќе останат и традионалните бои црна, бела и сива.

Покрај тоа, специјалистите ги определиле и популарните бои по различни географски региони. Во САД ќе почнат да се купуваат повеќе автомобили со темно сина боја, додека во Европа и на Влискиот исток во жолто и жолто-зелено. Во Азија се очекува бисерно бело и длабоко црвено.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK