Калашников направи електричен мотоцикл (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Името е познато поради оружјето со исто име, но
концернот “Калашников” (дел од Ростех) веќе прави тестови на електрични мотори за полицијата. Компанијата веќе ги претстави возилата пред чуварите на редот во руската престолнина,

“Електричните мотоцикли може да се користат за патролирање на пат, а руското Министерство за внатрешни работи ќе направи целосни тестови на мотоциклите”, се вели во соопштението од компанијата.

Првите примероци ќе бидат предадени на московската полиција кон крајот на август, а на пошироката публика мотоциклите ќе бидат претставени на форумот “Армија-2017”.

Максималната моќност на мотоциклите е 15 kWh, а со едно полнење можат да поминат 150 километри.

Видете и видеото со кое Калашников ги претставува електричните мотоцикли:

Следете не и на:

24AUTO NETWORK