Jaguar се пушта во трка со Porsche Cayenne

ОБЈАВЕНО НА:

Понудата на Jaguar во следните три години ќе биде зголемена со нов голем кросовер. Моделот кој ќе влезе во оваа понуда би требало да се нарекува J-Pace, а истиот ќе биде поставен на модифицирана платформа на Range Rover.

Со ова J-Pace треба да стане најголемиот СУВ во Jaguar. Засега нема податоци околу тоа со какви мотори ќе биде опремено ова возило, но не е исклучено истите да бидат позајмени од Range Rover.

Новиот Jaguar со зголемена проодност ќе се нуди и како хибрид. Основен конкурент на J-Pace ќе биде Porsche Cayenne, а за пазар кој ќе биде приоритет на овој модел се посочува Кина.