Извозот на патнички автомобили од Русија зголемен за 61 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Според резултатите од првите шест месеци во 2017 година, извозот на автомобили произведени во Русија се зголемил за 61 отсто во споредба со истиот период во 2016 година.

Со исклучок на земјите од Царинската унија (Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан), во странство се испорачани 24 илјади автомобили, соопштува информативно-аналитичката агенција „Автостат“.

Најпопуларно возило за извоз од Русија е „Шкода“ со речиси половина од бројот на извезени автомобили. Најизвезуван модел е кросоверот „Јети“. На второто место се автомобилите на АвтоВАЗ со 23% од вкупниот – извезени 5,5 илјади возила. Третото место го делат „Хјундаи“ и „Рено“, додека на петтото место е „Фолксваген“, кој во првата половина на 2017 експортирал од Русија повеќе од 1000 патнички автомобили, пренесува порталот Руска реч на Македонски.

Што се однесува до конкретни модели, покрај веќе споменатиот „Јети“, на пиедесталот на лидерите е и џипот ЛАДА 4×4 (2,9 илјади возила за извоз) и седанот „Веста“ (1,4 илјади возила). „Во однос на главните насоки на извозот, лидер е Чешка – половина од рускиот извозот за наведениот период отпаѓа на оваа земја (околу 12 илјади возила). На второ место е Украина (2,3 илјади возила), трета е Латвија (1,8 илјади возила). Покрај нив, се истакнуваат и Унгарија и Либан – во секоја од овие земји се извезени повеќе од 1000 автомобили“, соопштува „Автостат“.

За ваквата позитивна динамика постојат неколку клучни причини, вели извршниот директор на агенцијата „Автостат“ Сергеј Удалов. „Прво, постои ниска база од минатата година, од која се постигнува сериозен раст. Втората причина се релативно ниските трошоци за производство во Русија, кои ги прави овие возила погодни за купување од странци. И уште еден момент поврзан со државната поддршка на логистиката – превозот на автомобилите низ целата земја до граница е субвенциониран од страна на државата“, изјави експертот, пренесува „Росијскаја газета“.

Извор: Руска реч на Македонски

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK