Израел ќе ги забрани и бензинот и дизелот

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за енергетика на Израел објави дека од 2030 година во оваа земја нема да се продаваат возила кои возат на бензин и дизел. Забраната ќе биде како дел од планот на земјата за целосно преминување кон превозните средства на електрична енергија и природен гас.

„Го охрабруваме отворањето на нови станици за полнење на електромобили со субвенции и веќе има 2000 такви. Владата ќе ги намали дановите за автомобилите на струја речиси до нула и на тој начин нивната експлоатација ќе стане поевтина“, вели Министерот за енергетика на Израел, Јувал Штајниц.

Во последните години Израел откри огромни наоѓалишта на природен гас во Средоземното модер и во моментов ги обновува бензинските станици со еколошко гориво. Популарноста на електромобилите исто така расте и според проекцијата на Министерството за енергетика во 2025 година бројот ќе достигне до 177.000, а во 2030 година до 1.500.000.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK