The Audi e-tron Prototype in Berlin

Инвазија: Audi има 20 модели кои чекаат на промоција

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Аudi го презентираа планот кој го имаат за следните седум години во однос на развојот на своите електрични модели. Според она што е зацртано во овој период на пазарот треба да бидат лансирани дури 20 различни модели.

Во овој рок целта ќе биде да бидат продадени над 800.000 возила на годишно ниво од електричните и plug-in хибридите. Тоа се основите на обновената стратегија за развој на брендот- Audi.Vorsprung.2025.

Во групата на новите електромобили се најде и електричниот SUV e-tron, кој ќе се појави прв на пазатот. После ова ќе дојде купе-кросоверот e-tron Sportback, а во 2020 година ќе биде презентиран и суперавтомобилот e-tron GT, кој ќе биде разработен заедно со Audi Sport.

Инвестицијата ќе изнесува околу 40 милијарди евра кои ќе бидат потрошени на електрифицирање на моделната гама, но и разработка и развој на системи за автономно возење.

Според стратегијата во 2021 година треба да дебитира и првиот автономен модел на Audi. Моделот ќе биде изграден на база на концепцискиот Alcon. Неговиот прототип прво ќе биде тестиран во рамки на компанијата, а дури потоа ќе се најде во нормален сообраќај.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK