Илон Маск отпушта 4.000 лица од Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата каде прв човек е Илон Маск ќе направи преструктуирање, а тоа значи дека ќе има кратење на персоналот од околу 9 проценти. Ова значи дека Tesla ќе има намалување од над 4.000 лица.

Причината за ова намалување на вработените е намалување на расходите и конечно остварување на позитивни бројки. Во моментов во Tesla работат околу 45.000 лица, а според зборовите на Маск во последно време фирмата се развива со брзо темпо кое придонело за двојно зголемување на должностите во многу од сферите на дејствувањето.

Новостите за отпуштањето од работа на вработените им биле кажани директно од страна на сопствениколон Маск.

Во првите четири месеци од 2018 година Tesla има отчитано загуби од 710 милиони долари. Минатата година загубите се над 1,4 милијарди долари, а во минатите 15 години фирмата никогаш немала годишна заработувачка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK