И Daimler има возило со 500 километри автономност

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот пазар доби целосно нов електричен автомобил кој се нарекува DENZA 500, a е заеднички производ на Daimler и BYD-DENZA. Ова возило е направено специјално за локалниот пазар, а на корисниците ќе им понуди модерен надворешен дизајн, диодни фарови и задни светла, борд монитор од 9 инчи кој е чувствителен на допир, како и систем за лесно наоѓање на локацијата на повеќе од 112.000 станици за полнење низ земјата.

Самото име покажува дека со едно полнење може да помине 500 километри. Од Daimler велат дека DENZA 500 е тестиран на различни патнички и атмосферски услови, како и во екстремни зимски температури до – 40 степени.

Минатата година, компанијата DENZA, која е со сопственост на Daimler и BYD (50:50) покажа раст во реализацијата од 85%, а главната причина за тоа беше масовниот продор на пазарот на моделот Denza 400, како и фактот дека продуктите станаа дел од неколку избрани дилерски центри на Mercedes-Benz во Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK