Honda Civic стигна до 25 милионскиoт примерок

ОБЈАВЕНО НА:

За нешто повеќе од 45 години и десет генерации после лансирањето на Civic на пазарот, Honda се подготвува за да го произведе автомобилот од оваа марка под бројот 25.000.000.

Од Honda велат дека производството на Civic ја достигнало границата од 10.000.000 примероци во 1995 година, а дотогаш на пазарот биле лансирани неговите први пет генерации. За следните пет генерации и 23 години производство се произведени 15.000.000 нови возила.

Низ годините Civic се зацврстува на пазарот како еден исклучително квалитетен и надежен автомобил, кај кој дефектите се вистинска реткост. Како доказ за тоа, од Honda посочуваат дека дури 75 проценти од возилата се продадени во САД, а уште се користат возила произведени во 1991 година.

Според Honda, во моментов Civic се наоѓа во најдобра кондиција во целата своја историја, а десетата генерација е изработена како глобален модел. Продажбите за минатата година биле на ниво од 800.000 примероци или околу 20 проценти повеќе во споредба со 2016 година.

Во моментов Honda го произведува Civic во девет фабрики и го продава во 170 држави низ светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK