Германците ќе го симнат Tesla од врвот за три години

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tesla уште е број 1 на пазарот на електрични автомобили, но германските производители се наоѓаат многу близу и можат наскоро да го поминат пионерот од Калиофорнија. До ваков податок води проучувањето на консултантската фирма PA Consulting Group.

При истражувањето се оценети 13 автомобилски концерни врз основа на многу критериуми вклучувајќи ги општата технологија, технологијата на батериите, мрежата на снабдувачи и финансиските перформанси.

Според резултатите, производителот од САД, Tesla ќе продолжи да биде број 1 и во 2019 година, а ќе биде следен од Renault/Nissan/Mitsubishi, BWM и Hyundai/Kia. Daimler ќе биде на 5. место.

Во 2021 година Tesla веќе нема да го има врвот и се очекува да биде едвај на 7. позиција. Лидерската позиција би требало да биде за Daimler, додека единствените конкуренти најверојатно ќе ги имаат во Renault/Nissan/Mitsubishi. BMW и во 2021 година се очекува да го држи 3. место додека зад нив би требало да се најде Volkswagen.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK