Германците даваат возила на подарок

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сакате да си купите евтино користено возило, тогаш патиштата водат во Германија каде што можете да добиете дури и возило на подарок. Според она што се објавува во последно време Германците ги продаваат возилата за по 50 до 100 евра, но има и такви кои ги подаруваат само за да се откачат од големите такси за нив.

Најчесто овие автомобили во земјите на Балканот ги внесуваат трговци со возилата кои после одредени „козметички третмани“ истото возило добива и по 20 пати поголема цена.

Прекупувачите на возилата најчесто го корегираат надворешниот изглед, ги тапацираат седиштата и после финалното полирање возилото добива сосема поинаков изглед. Цената е многу поевтина отколку да купувате во некој салон, а би требало да ве служи неколку години.

Сепак, тука постои и голем ризик со оглед на тоа што некои возила тешко можат да се препознаат дека се поправани и дотерувани. Тоа веројатно може да го направи само специјалист.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK