vozila na zaliha

Германски TUV потврди: Ова се најбезбедните управувани автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Асоцијата за технички надзор на автомобилите во Германија ја објави својата годишна верзија за најбезбедни нови и користени автомобили. Германците ги анализираат резултатите од 8,8 милиони технички прегледи и врз основа на тие податоци ја прават класификацијата.

Проучувањето се прави во соработка со германското издание на Auto Bild и во повеќето случаи во рангирањето победуваат локалните производители, а тоа не е изненадувачко. Интересното е тоа што во целата историја на рангирањето досега немало модел кој ќе биде победник во сите категории.

Рејтингот на TÜV Report 2019 овојпат е исклучително монотон. Легендарниот модел на Porsche ги собра наградите во сите категории. Моделот 911 во својата седма генерација 911 (Type 991) го зазема првото место во категориите кај 2-3 годишните автомобили и кај 4-5 годишните возила.

Шесттата генерација (Type 997) беше избрана за најбезбеден автомобил кај 6-7, 8-9 и 10-11 годишните автомобили. Едни од најраспространетите брендови во Европа – Dacia, Renault, Fiat, Chevrolet, Peugeot, Ford и Volkswagen се во долниот дел од класификацијата на TÜV.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK