Германска награда за Hyundai за квалитет

ОБЈАВЕНО НА:

По третпат во последните седум години Hyundai е прогласен за прв според квалитетот во изборот на германски Auto Bild. По победите во 2010 и 2011 година, Hyundai повторно се искачи на првото место пред многу други германски брендови, потврдувајќи го уште еднаш квалитетот на своите автомобили.
Истражувањето на Auto Bild се однесува на евалуација на квалитетот и доверливоста, вклучувајќи ги и коментарите и забелешките на купувачите, и се објавуваа една годишно од страна на најпродаваниот авто магазин.

Hyundai направи скок за 2 места од минатата година каде што беше рангирана како 3-та компанија по квалитет. Вкупниот индекс во рангирањето на Hyundai изнесува 2,14 на скала до 5.

Моделот Hyundai i30 подлегна на тестирање со преку 100.000 км каде што доби врвна оцена од автомагазинот и е сместена како “best-ever” возило кое Auto Bild го има тестирано. Но тоа не е исклучок, Auto Bild коментира дека квалитетот на сите Hyundai возила се на врвно ниво во последниве години.

Според Thomas A. Schmid (Chief Operating Officer at Hyundai Motor Europe) квалитет секогаш бил главен елемент за бренд стратегијата на Hyundai и амбициите на компанијата се до 2020 да бидат најдобриот азиски бренд во Европа

Следете не и на:

24AUTO NETWORK