Ford тврди: Нашите возила се „чисти“!

ОБЈАВЕНО НА:

Во аферата Дизелгејт најмногу се споменуваат германските производители, а последниот состанок на кој се разговарало за надминување на кризата беше и Ford. Засега нивните возила не се „обвинети“ дека мамеле на тестирањата, а од компанијата тврдат дека тие се „чисти“. Сепак и нивни возила се најдоа на проверка.

Компанијата потврдува дека германските власти ги испитуваат моторите на Mondeo, откако домашен магазин пишувал дека тие можеби се предмет на истрага за користење на недозволени направи во моторот. Во писмена изјава од компанијата потенциираат дека нивните возила, мотори, вклучувајќи ги и тие со дизелски мотор се во согласност со сегашните прописи за емисија на гасови и не содржат нелегален софтвер.

Компанијата била контактирана од властите за нивниот модел Mondeo 2.0 TDCi и тие соработуваат околу тоа. Германски магазин пишуваше дека властите се сомневале во исправноста за резултатите на моделот на компанијата. Веќе се работи на тестирање, и тоа од страна на непознат институт кој тоа го работи со цел да се утврди дали има користење на нелегален софтвер.

Ford заедно со трите германски компании – VW, Daimler и BMW неделава најавија дека ќе даваат субвенции за оние што ќе решат да ги сменат старите возила со понови и еколошки почисти. Kaj VW тие субвенции достугнуваат и до 10.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK