Ford отповикува 500.000 возила поради проблеми со менувачот

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот американски производител на автомобили, Ford, објави дека ќе отповика 550.000 автомобили од пазарите во Северна Америка за да го поправи проблемот со менувачот кој сега може да доведе до неочекувано, ненадејно движење.

Цел на отповикување ќе бидат сите возила Fusion произведени во периодот помеѓу 2013 и 2016 година и SUV возилата Escape произведени помеѓу 2013 и 2014 година. Од Ford соопштуваат дека делот кој е прицврстен за кабел за придвижување на преносникот може да се откачи.

Од компанијата соопштуваат дека до сега не се известени за сообраќајна несреќа која била предизвикана од овој проблем и советуваат додека не се сервисираат т.е. отповикаат сите автомобили при паркирање да ја користат рачната кочница.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK