Ford Mustang – спортски и брз, но има проблеми со безбедност

ОБЈАВЕНО НА:

На последното тестирање на Euro NCAP меѓу неколкуте модели, најслаби резултати постигна Ford Mustang. Иако е спортски, брз и е магнет за оние што сакаат покачување на адреналинот, моделот сѐ уште има проблеми со безбедноста. На почетокот на годината освои разочарувачки две ѕвездички, па затоа Ford направи и серија подобрувања.

Тоа донесе до добивање на повисока оценка од претходната, но сепак далеку од конкуренцијата. Двојката сега беше заменета со три ѕвездички. Ford во однос на претходбата серија што беше на тестирањето сега вгради и AEB и Lane assistance како стандардна опција на освежениот модел и имаше подобрувања во однос на предниот удар на краш тестирањата.

„Добро е да се види дека по 20 години од повикот на Euro NCAP за унапредување на безбедноста сé уште одекнува како акорд кај одговорните компании како Ford. Додека рејтинг со три ѕвездички е неприемлив, подобрувањата на Ford не само што ја направија подобра безбедноста на Mustang во клучните области, туку исто така покажуваат дека компанијата се грижи за своите клиенти и безбедноста репутација, изјави Мичел ван Ратингер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK