Ford ја најави новата Fiesta ST (видео)

ОБЈАВЕНО НА:

За два дена Ford треба да ја претстави новата Fiesta SТ а како дел од подгревањето на атмосферата е објавено и видео.

Во ова тизер видео се прикажува камуфлирана Fiesta ST кој во фабриката се трка со работник на велосипед. Освен малку кација, видеото не открива многу околу новата Fiesta ST, освен што се забележува дека возилото е спуштено во тркачки манир и има зголемен заден спојлер.

Најголемата промена очигледно ќе биде под поклопецот на моторот каде досегашниот 1.6 литарски Ecoboost треба да биде заменет со 1.5 лтарски Ecoboost што го има во Focus. Новиот мотор ќе има сила од 182 КС иако некои веруваат дека Ford можеби ќе се обиде да го набилда до 200 КС, за подобро да се справува со конкуренцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK