Ford има новитет, подготвува нов кросовер од Б сегментот (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во Ford се подготвува нешто ново, а папараци фотографите во Шпанија успеаја да го снимат новиот кросовер од Б сегментот.

Каросеријата е позајмена од Fiesta, што е видливо по знаците, но очигледно не се работи за тој модел со оглед на тоа што лакот на тркалата и растојанието од тлото се поголеми и од Fieste Active.

Се работи за тестно возило кое ја користи веќе познатата каросерија како би можеле да се вршат испитувања на новото погон.

Поинаку кажано, под познатата каросерија се крие некој нов модел. Засега е познато дека Ford развива два нови модели во практично истиот сегмент: нов EcoSport и модел, кој засега го носи името Baby Bronco.

Ecosport e обновен иако се работи за модел кој и покрај промените уште се наоѓа во својата прва моделска генерација од 2012 година. Од друга страна, Ford го најави и Baby Bronco, за кој засега се знае малку, па само може да се нагаѓа за неговиот конечен изглед и димензии.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK