Ferrari со нова техника за бојадисување

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на спортски автомобили, Ferrari објави дека во соработка со PPG, компанијата станува прва во светот која воведува употреба на нова технологија за термичка обработка на бојадисување со лак на своите автомобили.

Новата технологија за печење, која ќе се користи од Ferrar се нарекува Low Cure и претставува комбинација од двокомпонентен систем на боја, во кој се користи специјално формулирано покривање со лак, кој може да биде испечен при само 100 место досегашните 150 степени.

На тој начин се намалуваат не само потрошувачката на енергија на компанијата туку и се намалува штетното влијание над околината.

Друга предност на новата технологија е тоа што таа дозволува истовремено печење на карбон и други композитни елементи заедно со основниот дел на автомобилот, кој гарантира подобра адекватност на боите кај одделни панели на автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK