Ferrari продава книга за сума колку што вредат две ново возила (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на спортски автомобили од Италија, Ferrari издаде книга, посветена на историјата на брендот. Супер-специјалното издание ќе биде испечатено само во 250 примероци, а секој од нив ќе чини по 30.000 долари.

За оваа сума купувачот добива 514 страници со ретки фотографии од уникатни примероци, директно од архивите на компанијата. За чување на книгата е предвиден специјална кутија која ќе биде стилизирана како цилиндричен блок на V12 мотор.

Самата метална кутија стои на пиедестал, кој е имитација на издувниот систем на едно од натпреварувачките Ferrari од 60-тите години на минатиот век. Книгата е своерачно потпишана од синот на Енцо Ферари и од Серџо Маркионе, кој почина неодамна.

На пазарот ќе биде пуштена и доста побуџетна верзија која ќе се продава за само 6.000 долари. Таа книга нема да располага со специјална метална кутија, ниту со пиедестал и ќе биде отпечатена на далеку поевтина и понеквалитетна хартија. Нејзиниот тираж ќе биде 1697 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK