Espace добива нов посилен мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Renault ја освежи понудата на мотори во моделот Espace, и тоа со TCe бензински мотор со 225 КС и 300 Нм вртежен момент, што е за 25 КС повеќе и 40 Нм. во однос на моделот што го заменува.

Моторот е развиен од Renault Sport и достапен во Espace во моделите со пакети на опременост Zen, Intense и Initiale Paris.

Вака опремен Espace има седумстепен менувач, а просечната потрошувачка на гориво според фабричките податоци е 6,8 литри, а емисијата на CO2 е 152 г/км.

Сега Espace е достапен и си тркала со 18 и 19 инча, и R-Link 2 инфозабавен систем, што е компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto.

Цената на моделот во Франција почнува од 40.600 евра, а наскоро ќе бидат познати цените и за другите пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK