Електрично Bugatti Chiron во кинеска изведба

ОБЈАВЕНО НА:

Bugatti Chiron е еден од најекслузивните суперспортски автомобили, кои се појавиле некогаш. Се работи за супермоќни, супербрзи и суперлуксузни автомобили, но тие не се електрични.

Оваа „грешка“ на светската автомобилска индустрија е поправена од страна на кинеската компанија Shandong Qilu Fengde, под моделот P8.

Очигледно инспирирани од оригиналниот дизајн, според кинеското право P8 спаѓа во категоријата на електрични автомобили со ниска брзина, што значи дека за управување не е потребна возачка дозвола.

Има уште детали за P8. Чини нешто малку над 5000 американски долари. Димензиите се 4100/1800/1430мм, моќноса е 3.35 конски сили, а максималната брзина на движење е ограничена според законските барања на 50 км/ч.

Со едно полнење атомобилот може да помине 150 километри, а при полнење од домашна инсталација батеријата се полни за 10 часа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK