Една четвртина од сообраќајот во САД до 2030 година ќе биде со автономни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов во САД има најмногу производители што ги тестираат своите автономни возила. Последниот во низата што доби дозвола е Apple.
Според студијата направена од консултантска група од Бостон, дури 25 отсто од собраќајот во САД до 2030 година би требало да биде со автономни возила, во сервисни услуги што ќе бидат споделувани во градовите во целата земја.

Една од причините што се наведува во студијата е дека автономните возила ќе станат популарни поради нивната можност заеднички да се користат што ќе донесе дополнителен приход за сопствениците.

Според оваа консултантска куќа поради притисокот на градовите за популаризација на користење на еколошки решенија во сообраќајот, цената на автономните и целосно електрични возила драстично ќе падне. Од друга страна оние што ќе се решат да учествуваат во користење на овие сервиси на автономните возила ќе може да заштедат до 60 отсто во однос на тоа да се биде сопственик на возило и да се користи истото.

До 2030 година се претпоставува дека ќе има повеќе од 5 милиони конвенционаи возила што ќе бидат заменети годишно од полу-автономни возила за лична употреба и целосно автономни електрични возила за урбано користење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK