Досетлив Естонец: Сите дефекти ги запиша на вратите на автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Естонец кој имал проблеми со комплетно новото BMW 7-Series одлучил на интересен и нетипичен начин да го искаже својот револт. Платил 122.700  евра за автомобилот кој е опремен со 4,4-литарски V8 мотор со 450 коњски сили, па затоа имал и така голема реакција.

Возилото се покажало со доста проблеми и постојано имало дефекти. Во крајна сметка нервите на сопственикот попуштиле и тој ги запишал сите дефекти на вратите од возилото. Тие се 12 на број, а првиот проблем се појавил после поминати 18.000 километри ога откажала вентилацијата на возачкото место.

Само 2.000 километри потоа бил потребен ремонт, а после тоа постепено морале да се менуваат турбината, термостатот, електричниот систем на возачкото седиште, јонизаторот во внатрешноста од возилото (двапати) и дигиталната табла.

При 45.000 поминати километри морало да дојде до смена на моторот, кој бил под гаранција, а при 50.000 километри е заменет воланот. Само 4.000 километри потоа дошло до дефект на компресорот на суспензијата, откако цело време се расипувале различни сензори. Во купето притоа се чувствувале силни вибрации.

В крајна сметка мажот кој го вози овој автомобил секој ден во Талин одлучил да му испрати порака на производителот.

„Под хаубата треба да има 450 коњски сили, но реално таму има само една и таа работи навистина тешко“, напишал Естонецот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK