Дилерите во очај: Никој не купува дизел возила во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемите за дилерите на дизел возилата во Германија се наталожуваат, а тие бележат огромни губитоци поради тоа што најголемиот дел од возилата не ги задоволуваат нормите за емисија на штетни гасови. Во моментов тие не можат да ги продадат автомобилите, а бројката на возилата на лагер достигнала дури 350.000 примероци.

Дополнителен проблем е и вредноста на дизел возилата кои лизинг куќите им ги враќаат на трговците. Цената е многу опадната, а маржите се ниски, додека финансиските ресурси се ограничени.

За пласман на спорните дизел возила трговците на половните автомобили ги имаат земјите каде еколошките норми не се строги, а тука во прв план се земјите на балканот. Сепак, тука проблемот е друг. Купувачите немаат така длабоки џебови односно така полни паричници за уште скапите автомобили со Еуро-5 нормата, па се одлучуваат за поевтините половни возила кои го исполнуваат минималниот стандард.

Затоа претседателот на Здружението на трговци на возила во Германија, Јирген Карпински апелира да се направи нешто и да се направи нешто во развојот на хардвер кој на возилата со Еуро-5 норма би им помогнал да се префрлат во еколошка категорија Еуро-6.

„Ова би го стабилизирало пазарот на половни возила, а би ги смирило и купувачите. Воедно би овозможило опстанок на трговците на половни возила, но би биле исполнети и критериумите за заштита на човековата околина“, коментира Карпински.