Citroen C4 Picasso станува C4 Spacetourer

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Citroen постави нов осумстепен автоматски менувач во двете верзии на моделот С4. Верзиите кои досега беа познати како Picasso ќе го носат името Spacetourer. Новиот автоматски механизам засега ќе се нуди само со 2,0 литарски дизел мотор со 160 коњски сили, но се очекува наскоро да биде доставен и за дел од другите мотори.

Французите ветуваат подобрување во однос на потрошувачката на гориво во однос на претходниот 6-степен механизам и тоа за околу седум проценти, како и побрза и нечувствителна промена на брзините.

Што се однесува до новото име, C4 Picasso сега ќе се нарекува C4 Spacetourer и Grand C4 Spacetourer, во зависност од конфигурацијата на ентериерот односно дали ќе биде со пет или со седум седишта. Новото име исто така ќе одговара и на бусот со девет седишта Citroen Spacetourer.

Иако сегментот на MPV возилата во Европа се намалува постојано, Citroen успеа да реализира над 100.000 примероци од последниот C4 Picasso во текот на минатата година.

Продажбите на C4 Spacetourer ќе стартуваат следниот месец.