Четири месеци и четири сервиси на Stelvio

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo ја организира четвртата сервисна акција за СУВ моделот Stelvio во САД, а овој пат причината за ова е појава или можност за појава на корозија. Возилото од Италија се врати на американскиот пазар после долго отсуство, а последен пат фановите на Alfa од другата страна на Атлантикот можеа да си купат примерок од омиленото возило официјално во 1995 година.

Практично, последната сервисна акција е поделена на две. Едната е пристап на водата до склопките и модиулите, како причина за ред проблеми во електричниот систем на многу автомобили на Alfa Romeo која е откриена после специјалната истрага на FCA почната во септември минатата година.

Тој дел од сервисната акција е поврзан со примена на дополнителниот печа на колоната А на Stelvio кај дилерите на марката за да не може водата да навлегува во возилото.

Втората причина за сервисната акција е поврзана со отворање на вратата на багажникот во движење дури и при брзина под 6 км/ч. Тука причината исто така е во корозија или од влажнење на компонентите, кои се важни за контрола над механизмите на вратата.