Чесите имаат поевтин електромобил од Nissan-Leaf (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Малата фирма од Чешка, MW Motors го има изработено електромобилот со името Luka EV. Машината има доста привлечен изглед и со добри карактеристики, а во исто време и со изненадувачка цена.

Luka EV е четириметарско купи. Дизајнот на е направен во стилот на ретро возилата од 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Однапред во моделот има слични моменти како во Volkswagen Karmann Ghia, кој има две врати, а назад со Aston Martin DB4. Носечката конструкција на возилото е пространа алуминиумска рамка, додека купето е од фиберглас.

Ова возило го придвижуваат четири електромотори со заедничка моќност од 68 коњски сили. Тежината на оваа машина е 815 килограми, кои дозволуваат купето да може да забрзува од место до 100 км/ч за време од 9,6 секунди, а максималната брзина е 150 км/ч.

За придвижувањето на моторите се грижи акумулатор со капацитет од 21,9 кВтч, кој со едно полнење обезбедува поминување на околу 300 километри. За полнење до 80 проценти му се потребни 60 минути.

Во Чешка ова возило може да се купи за помалку од 20.000 евра.