Британците од 2040 година забрануваат мотори со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Велика Британија од 2040 година ќе забрани продажба на нови автомобили со бензински и дизелски мотори како дел од планот за нивно отстранување од патиштата десет години подоцна, изјавил министерот за природна средина Мајк Гоув. Слични планови претходно најавија и владата на Франција, а германските градови, Штутгарт и Минхен соопштија дека размилсуваат за забрана на употребата на одредени дизелски автомобили.

Британската влада е под притисок да превземе чекори за намалување на загадувањето, а во мај беше составен предлог за отстранување на возилата кои се најголеми загадувачи.
Ваквите најави од В.Вританија и Франција сигурно ќе влијае на продажбата на дизелски автомобили во Европа, бидејќи тоа е вториот најголем пазар во светот на ваквите возила.

Министерот Гоув рекол дека Владата ќе уплати 200 милиони фунти на локалните власти за иработка на планови за ограничување на пристапот на дизелските возила кои најмногу загадуваат на патиштата.