BMW ја напаѓа Tesla – во септември доаѓа електрична серија 3

ОБЈАВЕНО НА:

BMW планира да претстави електрична верзија на нивната серија 3, потег со кој се обидува да се нападне ривалскиот модел Tesla, пишува весникот Ханделсблат. Возилото треба да биде претставено на саемот во Франкфурт во септември годинава, пишува весникот.

Серија е модел што прави одлични продажни бројки, а според сегашните податоци, електричната верзија би требало да има домет од 400 км со едно полнење. Токму тоа е главниот адут за нападот на Tesla и нивниот Model 3 што исто така треба да се појави во продажба годинава.

Tesla веќе има стотици илјади резервации, и тоа со оставање на депозит од само 1.000 евра за Model 3. Tesla планира да го почне производството на Model 3 во јули годинава.

BMW засега не сака да коментира околу пишувањата на медиумите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK