BMW го чека казна во Словенија

ОБЈАВЕНО НА:

Медиумите во Словенија пишуваат дека германски BMW може да биде казнет со 10.000 евра поради прекршување на законите во државата. Проблемот за баварците е што организирале тестирање на својот X-Drive интелигентниот систем за погон на сите четири тркала, а не ги добиле потребните дозволи. На тој начин ги прекршиле законите за заштита на природата.

За тестирање на овој систем вграден во теренските возила на словенечката филијала на BMW, биле добиени одобренија од сопствениците на земјиштето и локалната заедница во Крањска Гора, Рогла и на уште некои други места каде има снег. Некои од тестирањата под името „Дежела BMW xDrive“ веќе се направени, а тоа било сторено без дозвола од надлежното министерство за околина.

Поради ваквите случувања биле прекинати тестирањата, а против BMW е покрената прекршочна постапка. Словенечкиот закон за зачувување на природата забранува организирање на возење на моторен погон во природа, па дури и стопирање на таквите возила во шума или некоја ливада.

Дополнителен проблем е што организаторите извршиле дел од тестирањата на места покриени со снег, за кои е утврдено дека всушност се мочуришта под посебен надзор и заштита, пишуваат словенечките медиуми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK