Бизарно: Погребале автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Човечкиот ум знае да биде и чуден, а понекогаш и бизарен и со одлуките што се прават да ве остават во размислување.

Нешто вакво направ и чител на градот Охинага, Мексико кој добил на лотарија.Се работи за нов автомобил што го добиле на локалната лотарија. Наместо да го користат стигнала чудна, па помалку и бизарна одлука. Автомобилот да биде погребан.

Идејата била да се направи своевидна порака до следните генерации. За таа цел, тие ископале огромна јама, ја бетонирале и го ставиле автомобилот внатре. Во внатрешното на возилото има разни предмети, фотографии, инструкции за работа на автомобилот и кратки раскази за животот во 2018 година.

Капсулата ќе се отвори најрано за 50 години. Честа да го искористат автомобилот по половина век ќе имаат наследниците на добитниците на лотарија.