Бетмен ќе вози Mercedes (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-Benz и Warner Brothers потпишаа договор за учество на германскиот бренд во новиот филм на Бетмен „лига на правдата“. Германците ќе обезбедат автомобили за три ликови во продукцијата.

Најимпресивен, се разбира, ќе биде “мерџото“ на Бетмен кој ќе вози AMG Vision Gran Turismo. Киноверзијата на суперавтомобилот ќе биде речиси истиот прототип од играта Gran Turismo 6 прикажан во 2013 година Разлики ќе има само во ентериерот.

Освен AMG Vision Gran Turismo од Mercedes-Benz ќе обезбедат за “Лигата на правдата”, исто кабриолет E-Klasse и теренец G500 4 × 4². Премиерата на филмот е закажана за 17-ти ноември.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK