Audi со тизер ја најавува премиерата на Q8

ОБЈАВЕНО НА:

По неколкуте концептни модели претставени на саемите во Детроит и Женева, Audi ја претстави првата од низата епизоди преку кои ја најавува премиерата на новиот Q8 модел.

Како што и претходно се најавуваше, новата Q8 се темели на MLB Evo платформата која ја користат уште неколку модели од Volkswagen групацијата додека внатрешноста ќе биде речиси идентична како и новата A8.

Познато е дека во понуда ќе има најразлични мотори, почнувајќи од 2.0 литарски четири цилиндрен мотор со околу 252 КС и 3.0 литарски V6 мотор со 355 КС. Германскиот производител се очекува да лансира и електрична изведба со литиумска батерија, но која ќе овозможува домет од само 59 km.

Производството на Q8 ќе се извршува во фабриката во Братислава, а за сега не е позната и цената по која ќе се продава. Се очекува точната цена да биде позната на денот на премиерата.