Американците се откажуваат од мали возила

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите на автомобили во САД почнуваат постепено да го намалуваат производството на лесни возила. Поточно станува збор за возилата кои се произведуваат во помал тираж, како и оние кои се седани средни по размер и хечбек возилата. Информацијата на The Wall Street Journal, каде што се вели дека во иднина ќе се вложува главно на СУВ возила и на пикапи.

Статистиката покажува дека во САД растот на овие возила продолжува да станува сè поголем, а тие кои претпочитаат мали автомобили се ориентираат најмногу кон јапонските модели. Покрај тоа ниските цени на бензинот во САД и сè поекономичите големи пикап возила се причина за дури и големите седани да почнуваат да излагаат од мода.

Во 2018 година, General Motors (GM) ќе го скрати производството на Chevrolet Sonic, а понатаму ќе се запре и за Chevrolet Impala. Ford планира уште оваа година да го запре произведувањето на Fiesta за САД, додека подоцна истата судбина ќе биде и за Taurus и Fusion (во Европа Mondeo).

Fiat Chrysler одамна презема ваков чекор и го запре произведувањето на Chrysler 200, како и на компактниот Dodge Dart. Сето тоа е предизвикано од фактот што пазарот во САД се карактеризира со сè послабо барање на вакви автомобили. Делот на лесни возила во 2012 година беше 51 процент, додека во 2017 година е паднат до 37 проценти.