И Американците потврдија: BMW серија 5 е најбезбедниот автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе се спомене безбедно возило, и тоа од европски производител најчесто се мисли на Mercedes или Volvo. Но, за американците тоа е BMW серија 5 која ги мина и најстрогите тестирања на IIHS.

Овие тестирања се едни од најстрогите. Специфични се по тоа што фронталниот судар со фиксна препрека се прави на 1/4 од ширината на возилото.

За разлика од многу други возила, BMW серија 5 доби највисоки оценки во сите сегменти. Но, ова не е единствениот модел на Германците што добил високи оценки. И серија 2 и серија 3 заработија рејтинг „плус“, додека X1 беше нешто послаб (top safety pick).

Единствен друг седaн од средната луксузна класа, што IIHS ги рангира заедно со оние од повисоката, и доби рејтинг „плус“ е уште Genesis G80. Моделите Audi A6, Infiniti Q70, Volvo S90 сите заработија „top safety pick“, а изненадување е што Mercedes E-class е надвор од оваа група.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK