Alfa Romeo Rombo наследник на Mito

ОБЈАВЕНО НА:

По 11 години Alfa Romeo се реши да го прекине производството на најмалиот автомобил во понудата, Mito. Иако нема сличности, сепак неговот место во понудата ќе го заземе новиот модел Rombo. Станува збор за мал SUV по големи идентичен како и 500X и Renegade, па оттука ќе се произведува во Мелфи, во истата фабрика каде што и се произведуваат овие автомобили.

Со овој модел, Alfa Romeo ќе ја зголеми понудата на SUV возила, па така по Stelvio ќе има уште еден SUV во понудата. Сепак, загрижувачко е долгиот период потребен за лансирање. Според пишувањата на италијанските медиум, Rombo се очекува да пристигне во 2022 година или за околу четири години од денес.

Инаку што се однесува до Mito, овој мал спортски автомобил ќе остане запаметен по бројните награди што во периодот од 2008 до 2018 ги доби, но и по фактот што и покрај добриот дизајн, дело на Хуан Мануел Диаз, и одличните перформанси, овој автомобил не ги исполни очекувањата во однос на продажбата и истиот е далеку помалку продаван од на пример Audi A1.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK