Suzuki Jimny со разочарувачки резултати на EuroNCAP краш тестот

ОБЈАВЕНО НА:

Suzuki оваа година ја претстави новата, четврта генерација од популарниот Jimny, но веднаш се соочи со првиот предизвик наречен безбедност.

На EuroNCAP краш тестот овој автомобил доби само три ѕвезди, со многу лоши перформанси во поглед на безбедноста за пешаците и безбедносната асистенција. Најдобар резултат Suzuki Jimny има остварено во однос на заштитата и безбедноста на децата. Така со 84% во однос на овој параметар може да се каже дека Jimny има солидни резултати. Во поглед на безбедноста на возачите односно возрасните, Jimny забележа 73% скор.

Далеку од добар скор забележа во поглед на безбедноста на пешаците каде оствари скор од 52% како и во однос на безбедносната асистенција каде скорот изнесува 50%. Како изгледаше краш тестот можете да погледнете на видеото во продолжение.

Со овој резултат, ова е најнебезбедниот автомобил од сите тестирани оваа година. Воедно, Jimny, од сите автомобили на Suzuki тестирани на овој тест доби најлоши перформанси, за малку полоши од Suzuki Ignis и Suzuki Swift.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK