Стартува производството на Vespa Elettrica

ОБЈАВЕНО НА:

Од PIAGGIO GROUP објавија дека производството на целосно новата VESPA ELETTRICA ќе почне овој месец. Електричната верзија на легендарниот скутер ќе се произведува во фабриката во Понтедера, а онлајн нарачките за купувањето ќе почнат да се примаат од октомври.

Во моментов од VESPA не коментираат за точната цена на ELETTRICA, а го кажуваат само тоа дека електричниот скутер ќе чини колку топ-понудата на компанијата во моментов. После пазарното лансирање во Европа, од почетокот на следната година, ќе биде достапна и за корисниците од САД и од Азија.

Од Vespa информираат дека во моментов брендот се радува на еден од најуспешните моменти во целата историја со повеќе од милион и пол реализирани примероци во минатата деценија.

Во првата половина од оваа година од компанијата одбележуваат раст на продажбата од 10% во споредба со истиот период во 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK