Следната година доаѓа новиот модел Y на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Илон Маск, првиот човек на Tesla објави дека новиот модел Y премиерно ќе биде претставен на 15 март наредната година. Маск ова го објави на Твитер и појасни дека датумот е избран по случаен избор.

Иако како што вели Маск, датумот го избрал случајно, на интернет веќе се појавија неколку настани што се случиле на овој датум во минатото, а што можеби би му било инспирација на Маск. Така на овој ден во 44 година п.н.е. беше убиен Цезар, а пак во 1493 година Кристофер Колумбо се врати во Шпанија по првото патување во Америка.

На овој ден во 1781 година се случи една од потешките битки во рамките на американската револуционерна битка, каде во близина на Гринзбур 1.900 британски трупи под водство на генералот Чарлс Корнволс ги порази американските сили. На овој датум во 1864 година се случи уште еден настан во рамките на тогашата американска граѓанска војна. Тогаш во Александрија (Лузијана) американската поморска флота успеа да се закотви на пристаништето. На овој датум во 1906 година основан е и Rolls-Royce

Сепак какваи да има симболика (или нема) овој датум, доколку се реализира тврдењето на Маск, тогаш моделот Y ќе дојде една година пред да стартува производството кое претходно беше обелоденето дека ќе започне на почетокот на 2020 година.

Поради тоа се шпекулира дека датумот е премногу рано, по што следеше демант од Маск.”Но сметајте дека е реално. Можеме да го откриеме моделот Y во секое време од крајот на оваа година до средината на следната така што 15 март е во ред” напиша на Твитер првиот човек на Tesla.

За сега нема многу информации околу техничките карактеристики на моделот. Истите се очекуваат да бидат познати кон крајот на оваа година, но многумина очекуваат ова да биде најнапредниот теслин модел.