Слабо се продаваат: Suzuki и Mitsubishi ги исфрлаат дизелите од понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред неколку месеци во целост ги исфрлија од понудата дизелите во Велика Британија, јапонските производители Suzuki и Mitsubishi наскоро во својата понуда нема да имаат ниту еден модел со дизелски мотор.

Како што пренесуваат азијските медиуми, Suzuki од понудата дизелите ќе ги исфрли до крајот на оваа година и тоа само од европските пазари. Suzuki уште порано годинава го запре производството на дизелските агрегати во својата фабрика во Унгарија, а во моментов се ”чистат” залихите.

Одлуката јапонскиот производител ја донесе поради непопуларноста на дизел автомобилите во Европа која се огледа и во фактот што минатата година само 10% од продадените Suzuki автомобили во Европа биле со дизелски агрегат.

Од друга страна, Mitsubishi покрај тоа што пред неколку месеци ги исфрли од понуда дизелите во Велика Британија, до крајот на годината истото ќе го направи и во Германија и Франција, како најголеми пазари на автомобили во Европа. Причината е иста како и кај Suzuki со таа разлика што вкупната продажба на овој јапонски производител на дизел автомобилите, минатата година сочинувала речиси 30% од вкупната продажба.

Со ова овие јапонски производители се приклучуваат на Toyota и Honda кои претходно донесоа слична одлука.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK