Autodesk VRED Design 2018.4 Update

SKODA VISION X комбинира гас, бензин и електрика

ОБЈАВЕНО НА:

Од Skoda објавија информација за целосно новата концепциска разработка на VISION X, која првпат ќе биде видена за време на интернационалниот саем во Женева. Основниот акцент кај концепцијата VISION X ќе биде ставен врз хибридниот систем во кој ќе биде виден нов момент од Skoda. Првпат во историјата ќе има комбинација на три придвижувачки елементи: гас (CNG), бензин и електрика. Во зависност од условите и потребите од страна на возачот, хибридниот систем за концепциска разработка е во состојба да предложи придвижување на предните, задните или на сите четири тркала.

Еден од основните елементи на хибрдиното придвижување на системот на SKODA VISION X е 1.5 литарскиот TSI G-TEC четирицилиндричен турбоагрегат специјално изработен за работа со гас (CNG) и е одговарачки за движење на предните тркала. При неговата употреба максималната моќност, која е во состојба да биде постигната е 130 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 250 Нм. Едниот ор резервоарите за гас е позициониран под задните седишта, а вториот е позади задниот мост.

За зголемување на економичноста со горивото и за подобрување на еколошкиот момент, SKODA VISION X располага со два електромотори, кои се придвижувани од литиум-јонската батерија, која се дополнува за време движењето.

Благодарение на интегрираниот резервен резервоар за бензин, автономноста на SKODA VISION X е до 660 километри, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч може да биде достигнато за 3,9 секунди. Максималната брзина е 200 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK