И Швеѓаните веќе не му веруваат на Volvo

ОБЈАВЕНО НА:

За првпат во 50 години во Шведска најпродавано возило не е модел на Volvo! Во 2016 година најпопуларен автомобил бил Volkswagen Golf.

Домашната асоцијација на продавачи на автомобили потврди дека 5,9 отсто од ново продадените возила во Шведска се VW Golf во 2016 година. Како компарација, најпродаваните модели на Volvo имаа пазарен удел од 5,7 отсто.

Ова е првпат по 1962 година Volvo да не биде меѓу најпродаваните автомобили. Тогаш приматот во Шведска го однесе Volkswagen Beetle што беше најпопуларно возило.

Иако овој резултат со продажбата покажува дека VW е на врвот, тоа незначи дека заврши ерата на Volvo. На патиштата во Шведска се уште има најмногу возила на Volvo, многу повеќе во однос на другите брендови, и тие се околу 21,5 отсто од вкупниот број на продадени автомобили.

Најглавен извозен пазар за Volvo во 2016 година била Кина, и токму поради тоа производството на моделот S90 ќе се пресели во Кина, и уште моделите од сериите 60 и 40 ќе се произведуваат на далечниот исток.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK