Шефот на VW во Ј.Кореја во затвор заради фалсификување документи

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот суд го осуди локалниот шеф на Volkswagen на 1,5 година затвор поради фалсификување на документи за емисијата на гасови и нивото на бучавост, а сето тоа за да добие сертификат за увоз на германски возила.

Оваа судска одлука доаѓа откако лани им беше забранета продажбата на возила на VW во Ј.Кореја. Во 2015 година, Volkswagen продал преку 60.000 возила, со што бил најуспешен бренд од странство што увезува возила. Лани мораше да плати милионска казна, меѓу другите и оние 32 милиони долари заради рекламна кампања во која се нагласува еколошката прифатливост на VW, како и околу 15 милиони долари за фалсификување на документите.

Покрај судската казна на директорот Јун, се очекува да има и други тужби.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK