SEAT конечно го објави новиот бренд

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на автомобили од Шпанија, SEAT ја пушти првата официјална информација за новиот бренд наречен CUPRA. Објавено е логото, па само се чека на промоцијата.

Од SEAT велат дека CUPRA секогаш била поврзувана со најспортските претставници од компанијата. Воедно се вели дека е дојдено вистинското време за да ја добијат самостојната ДНК и идентитет и дека затоа и предлагаат целосно ново лого.

Првото појавување на CUPRA ќе биде на 22 февруари, а главната промоција ќе биде направена на меѓународниот саем во Женева кој треба да се одржи на почетокот на март.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK